| четврток, 6 декември 2018 |

Сведочењето на мајката на тригодишната Мевљана – претепана до смрт оти била гласна

Садија Саитова, мајка на тригодишната Мевљана, која во март лани беше претепана до смрт, вчера сведочеше во Кривичниот суд во Скопје. 

Мајката пред судиите раскажа дека на денот кога ја изгубила единствената ќерка била на работа. Девојчето и двете синчиња им ги доверила на обвинетите Џемаил Браими и Јасмина Махмуд.

– Ми рече дека плачела, а потоа паднала и не се разбудила. Ја однеле во бањата и таму ја полевале со вода, но не
станувала – раскажува мајката.

Таа го затекнала своето чедо завиткано во ќебе и измачкано со паста за заби, со која биле покривани подринките по целото тело.

 Нејзиниот постар син на почетокот се плашел да и раскажи, но подоцна кажал обвинетите ја тепале неговата сестра со кабелот од телевизорот оти била гласна. Нему и на другите деца им кажале да се покријат со ќебе преку глава и да молчат.

Вештаците од судска медицина   во судница потврдија  дека девојчето  не починало од  паѓањето  по скали , како што тврдеа обвинетите, туку дека била претепана .

Девојчето имало повреда на главата  која најверојатно е нанесена со тупаница, и биле скршени ребра од двете страни на градниот кош, кои најверојатно се нанесени со удар  на дланка, а имало и тешки повреди на стомакот, кои се предизвикани од тупаници или клоци. На левата надлактица имала повреди нанесени од кабел, вели за „Сител“ вештакот од Судска медицина.

Пред судот и двајцата обвинети се изјаснија како невини. Судењето продолжува на 29 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top