| четврток, 6 декември 2018 |

Убиената девојка била медицинска сестра во Детска клиника

Триесетидве годишна девојка од скопското село Петровец, медицинска сестра на интензивна нега, според неофицијални извори е девојката која вчеравечер била убиена на кровот на Клиниката за детски болести во Скопје.

Настанот се случи синоќа во 20.40, кога по бурната расправија нејзиното момче, 22-годишно лице од истото село, прво ја задавил, а потоа и самиот се обидел да си го одземе животот.

Според МВР, од обезбедувањето во Детска Клиника добиле дојава дека на кровот од Болницата има НН машко лице кое сака да се фрли од кровот. Мажот се заканувал дека ќе се фрли доколку види униформиран полицаец. Било известено јавното обвинителство, инспектори од ЕНК-ОКД, ЕУМНА, преговарач од ЕСЗ и БППЗ за поставување на балон.

-Притоа во негова непосредна близина забележано од страна на Алфите женско тело во безсознание, која на кровот била давена од страна на машкото лице со  кое се претпоставува дека била во љубовна врска. Од страна на УПС женското тело е извлечено и истата имаше обид да биде реанимирана во Ургентен Центар – велат од МВР.

Машкото лице кое сакаше да изврши самоубиство со фрлање од кровот на објектот, е симнато од страна на Алфите и преговарачот од ЕСЗ. Се работи за лицето Никола Кузмановски роден 1992 од Петровец – додаваат од МВР.

Повеќе детали се најавени за денеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top