Македонската ракометна репрезентација дојде до лесна победа против Алжир совладувајќи го со убедливи 32-20, на првиот натпревар од подготвителниот турнир во Нант.
Македонија на стартот поведе со 5-1, Алжирците намалија два гола од оваа предност, но потоа Лазаров и другарите зголемија на 11-6 во 23.минута од средбата. Во тие моменти Стојанче Стоилов беше одличен на шесте метри, а во завршницата од првиот дел капитенот Кире Лазаров постигна два гола за водство од 14-9. Алжир даде погодок за четири гола позитива (14-10) за Македонија.
Стартот на вториот дел им припадна на Алжирците, намалија на 16-13, но потоа следеше фуриозниот дел на Македонија и водство од 24-15 во 48.минута. Предноста стана и двоцифрена, а на крајот беше изразена со 12 погодоци разлика (32-20).
Дејан Манасков со седум гола беше најефикасен во нашиот национален тим на овој меч, а капитенот Кирил Лазаров запиша шест гола зад своето име.
Утре Македонија во финалниот меч од овој турнир во Нант ќе игра против Франција, која во првиот меч ја декласира Аргентина со 33-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со пораз од Данска, Македонија се прости од Европското првенство
-
Храбрата и млада Македонија има 12 – 12 на полувреме против моќната Данска
-
Чешка и Словенија одиграа нерешено и ја отпишаа Македонија од битката за петто место
-
Неверојатни комбинации: Кој со кого е цимер во македонската репрезентација?