Дирекцијата за верски прашања на Турција соопшти дека луѓето што имаат тетоважи, практика која често е осудувана од турскиот исламистичко конзервативен претседател Реџеп Таип Ердоган, треба да го молаг Бог за да им прости за тоа.
– Тетоважите се забранети од нашата религија – се наведува во соопштение на Дирекцијата.
Оваа институција ги повика сите тетовирани лица да се ослободат од тетоважите или во спротивно да го молат Бог за прошка и да се покајат, пишува весникот „Милиет“.
И покрај тоа што повеќето муслимани ги сметаат тетоважите за грев, тие стануваат сѐ попопуларни, особено меѓу младите, јавуваат западни медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.