Терористот држи барем пет жени и деца и вели дека ќе ги држи заложниците сѐ додека неговите пријатели се под опсада во Дамартан-ан-Гуел.
Во градот Венсен, кој се наоѓа источно од Париз, се случува уште една зачложничка драма, која почна со престрелка во 13 часот, јавува АФП „Јуроњуз“.
Киднаперот сѐ уште ги држи жените и децата од локалната кошер-продавница, а некои тврдат дека едно лице е рането. За ова лице се смета дека е убиецот на полицајката Клариса Жан-Фолип, а француските медиуми јавуваат дека напаѓачот велел оти ќе ги држи заложниците сѐ додека неговите пријатели, а тоа се браќата Саид и Шериф Куаши, се наоѓаат под опсада во Дамартан-ан- Гуел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.