
Постапката за враќање на единствениот Македонец што е осуден од Хашкиот трибунал, Јохан Тарчуловски, е почната, дознава „Република“. Според информациите до кои дојдовме, постапката може да трае и неколку недели, додека да завршат формалностите во Сојузна Република Германија, во затворот со седиште во Диез и во Хашкиот трибунал.
Со ова се потврдуваат најавите на „Република“ за враќање на Тарчуловски, кои беа објавени пред неколку месеци. Сѐ поизвесно станува дека тој за кратко време се враќа во земјава и ќе биде меѓу своите Македонци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


