| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел Кајмакоски отпатува за Катар за да ги бодри ракометарите

Daniel Kajmakovski (5) (Custom)

Светското првенство во ракомет ќе се одржи месецов од 15 јануари до 1 февруари во Катар. Овој настан има своја официјална песна, која се вика „Live it“, а нашиот Даниел Кајмакоски е еден од многуте изведувачи на песната.

Тој веќе замина за Доха да ја поддржи ракометната репрезентација на Македонија и на самото место. Даниел ќе ги бодри нашите репрезентативци, а дека патот дотаму му беше и повеќе од забавен сведочат фотографиите што ги објави на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top