| четврток, 6 декември 2018 |

Престрелка во близината на француски Дамартан ен Гулел, можно е да има заложници

FRANCE_NEWSPAPER_ATTACK_XTC117-2015JAN08_180709_040.jpg

Изутринава, околу девет часот, дојде до престрелка во Дамартан ен Гуел, на Националниот пат 2, во зоната каде што се распоредени елитните полициски сили кои трагаат по браќата Шериф и Саид Куаши, јавува дописникот на МИА од Париз.

Претходно беше сигнализирано дека е украден автомобил од марката „пежо 206“ во Виле-Котере на северо-истокот од Париз, од две лица кои се совпаѓаат со портретот на браќата Шериф и Саид Куаши.

Како што јави француското радио „Франс инфо“, полициски извор потврдил дека има заложници, но од Минирството за внатрешни работи не е потврдена веста. Според очевидци, пет хеликоптери го надлетуваат местото на престрелката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top