Перо Антиќ и Атланта хоукс прават чуда во новата сезона во НБА-лигата, а водечката екипа во источната конференција е незапирлива во победничкиот поход.
Речиси сите што ја следат НБА-лигата како клуч на успехот на „јастребите“ го истакнуваат извонредниот тимски дух. Атланта има импресивни 20 победи на последните 22 меча и веќе никој не е изненаден од успесите на Хоукс, екипа која е фаворит за висок пласман и во регуларниот дел и во плејофот во битката за титулата.
Засега им оди одлично и Антиќ и соиграчите од врвот со биланс од 27-8 имаат одличен преглед на ситуацијата во источната конференција. Вкупно пред нив е само Голден стејт Вориорс со скор 28-5.
И на последниот меч против Мемфис гризлис, екипа која игра одлично во новата сезона, кошаркарите на Атланта потврдија дека кај нив владее извонредна атмосфера. Во еден момент нашиот Перо Антиќ диригираше со разиграната клупа на домаќините.
Кајл Корвер се намести за тројка, а сите играчи што беа резерви беа подготвени да го прослават погодокот на еден од најдобрите шутери во Лигата.
Погледнете ја реакцијата на Антиќ и останатите играчи на Атланта кои во тој момент беа на клупата за резерви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)