В сабота на 10 јануари 2014, со почеток од 20 часот, во Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци премиерно ќе се игра претставата „Сомнително лице“, по текст на Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Диме Коцевски.
Со оглед на тоа што Кавадарци нема професионален театар, кавадаречките театарски аматери оваа сезона имаат трета премиера, овојпат по познатиот текст на Нушиќ направија „кавадаречка“ претстава, односно текстот на познатиот комедиограф е приспособен на кавадаречки дијалект.
Во претставата играат: Диме Боцев, Љупчо Настов, Коле Колев, Видан Станоев, Милица Гочевска, Диме Коцевски, Валентина Ѓирѓиева, Снежана Карова, Љупче Шошев, Дејан Атанасов, Драган Кабаранов и Костадин Прокопов.
Ликовната сценска интервенција е на Трајче Јованов, изборот на музика е на Марјан Тодоровски. Поради големиот интерес во Кавадарци, претставата „Сомнително лице“ ќе доживее и втора премиера, в понеделник, на 12 јануари 2014, со почеток од 19 часот, исто во салата на Домот на културата во Кавадарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ ја подготвува „Галеб“ во режија на Нина Николиќ
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Забавен викенд во Зоолошка градина: Претставата „Принцот жаба“ в недела напладне
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите