| четврток, 6 декември 2018 |

На погребот на Тито, неговото тело не било во ковчегот!

titopogrebwide

На погребот на претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито, во ковчегот прекриен со знамето на СФРЈ не било телото на Тито, туку внатре имало песок. Ова го тврди Обрен Ѓорѓевиќ, некогашен началник на Службата за државна безбедност на Србија. Ѓорѓевиќ четири децении поминал како професионалец во безбедносните органи и како началник на Службата за државна безбедност на Србија.

„Кога Јосип Броз Тито почина, некои членови на Претседателството на СФРЈ, пред сѐ Стеван Дронјски и Стане Доланц, сакаа да го балсамираат. Телото на Тито, меѓутоа, беше полно со разни лекови, па почна прерано да се распаѓа и да шири непријатна миризба. Од медицински и хигиенски причини, беше одлучено погребот да се изврши без неговото тело. Во ковчегот што беше изложен во Сојузното собрание имаше песок – открива Ѓорѓевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top