
Триесет и шестгодишниот Б.С. еден час по полноќ пријавил во тетовската полициска станица дека со кујнски нож расекол непознат маж кој со уште едно непознато лице бил качен на покривот од куќата на неговиот брат.
Според кажувањата на Б.С., инцидентот се случил 20 минути по полноќ на улицата 175 во Мала Речица кога неговата сопруга забележала дека на покривот од куќата каде што живеел братот на Б.С. има двајца непознати мажи. Во тој момент Б.С. зел кујнски нож и излегол во дворот, по што еден од непознатите скокнал врз него и му удрил неколку тупаници, а другиот извадил пиштол. Во обид да се одбрани Б.С., замавнал со ножот и му ја расекол раката на еден од напаѓачите, кои потоа побегнале.
Полицијата по пријавата привела двајца за кои постои сомнеж дека го нападнале Б.С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


