
Харуки Мураками, еден од најпознатите јапонски писатели и добитник на многубројни престижни книжевни награди, ќе им дава совети на своите читетели преку интернет, објави неговиот издавач.
Веб-страницата ќе се вика „Мураками-сан но токоро“ или „Местото на господинот Мураками“ и ќе служи како советодавен канал меѓу познатиот писател и неговите читатели низ светот.
Писателот, познат по својата срамежливост, посебно кога е во прашање појавувањето во медиуми, ќе ги советува своите обожаватели како да ги пребродат потешкотиите со кои се соочуваат, а одговорите ќе ги дава по писмен пат.
– Мураками ќе одговара на секое прашање, а одговорите ќе бидат во писмена форма, и тоа на различни јазици – изјавија од издавачката куќа.
Тој ќе одговара и на лични прашања поврзани со неговите афинитети, хоби, односно за сето она што сакаат да го знаат читетелите.
Прашањата ќе се испаќаат до крајот на јануари, а одговорите ќе бидат објавени во февруари и во март.
– По толку време, сакам да се допишувам со своите читатели – изјави писателот.
Мураками (65) важи за еден од најценетите јапонски писатели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман
-
Ова никогаш никому не му го кажувајте: Ако сакате напредок еве што не смеете да им кажувате на луѓето!
-
Која љубовна лекција мораш да ја научиш во 2018 година според твојот хороскопски знак?
-
Давид Фоенкинос: Романот се пишува и кога не сум седнат зад компјутер!


