| четврток, 6 декември 2018 |

Писателот Харуки Мураками ќе ги советува своите обожаватели

haruki-murakami-foto-ap_ff

Харуки Мураками, еден од најпознатите јапонски писатели и добитник на многубројни престижни книжевни награди, ќе им дава совети на своите читетели преку интернет, објави неговиот издавач.

Веб-страницата ќе се вика „Мураками-сан но токоро“ или „Местото на господинот Мураками“ и ќе служи како советодавен канал меѓу познатиот писател и неговите читатели низ светот.

Писателот, познат по својата срамежливост, посебно кога е во прашање појавувањето во медиуми, ќе ги советува своите обожаватели како да ги пребродат потешкотиите со кои се соочуваат, а одговорите ќе ги дава по писмен пат.

– Мураками ќе одговара на секое прашање, а одговорите ќе бидат во писмена форма, и тоа на различни јазици – изјавија од издавачката куќа.

Тој ќе одговара и на лични прашања поврзани со неговите афинитети, хоби, односно за сето она што сакаат да го знаат читетелите.

Прашањата ќе се испаќаат до крајот на јануари, а одговорите ќе бидат објавени во февруари и во март.

– По толку време, сакам да се допишувам со своите читатели – изјави писателот.

Мураками (65) важи за еден од најценетите јапонски писатели.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top