Перо Антиќ игра одлично во јануари, а по вторпат постигна 13 поени на стартот од Новата година во НБА лигата. Ноќеска Атланта го победи Мемфис на свој терен и ја продолжи серијата победи. Сега Хоукс имаат 6 едноподруго триумфи, а Антиќ даде огромен придонес во најдобриот старт на „јастребите“ од сезоната 1993-94 кога последен пат беа лидери во Источната конференција.
Атланта е единствената екипа што има позитивен биланс против екипите од Западот во НБА лигата, а на последните 22 натпревари забележа импресивни 20 победи и води на Истокот со биланс од 27-8.
Антиќ имаше извонреден ефект со шут од поле 4/5 од нив три тројки. Перо забележа и 3 скока за 17 минути колку што беше на паркетот во „Филипс арената“.
Погледнете ги сите поени на македонскиот репрезентативец против Мемфис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.