| четврток, 6 декември 2018 |

Бил Гејтс го претвора изметот во вода (видео)

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, поседува машина со која од изметот се добива вода за пиење. Изметот поминува низ цевките и се спушта во огромна канта. Потоа се става во машина во која се обработува. Неколку минути подоцна крајниот резултат е чаша полна со вода за пиење.

Оние кои се занимаваат со рециклирање отпад произведувајќи вода и струја, имале можност да видат на дело како работи оваа машина, во сопствеништво на Бил Гејтс, која може да направи вистинска револуција во производството на вода за пиење, која сѐ помалку ја има на Земјата.

– Водата има вкус како и секоја друга која е амбалажирана и купена во продавница. А кога ќе го проучите методот на производство, со задоволство би ја пиеле секој ден. Навистина е безбедна – вели еден од новинарите кој бил сведок на целиот процес.

– Шокантен број луѓе, речиси две милијарди користат тоалети кои не се правилно и потполно испразнети, додека пак други едноставно нужда вршат на отворено. Тој отпад загадува и предизвикува катастрофални последици: болести кои настануваат како последица на лошите санитарни услови убиваат 700 илјади деца секоја година, или пак спречуваат децата физички и психички правилно да се развиваат. Доколку можеме да развиеме подостапен и посигурен начин да се ослободиме од човечкиот отпад, можеме да ја спречиме смртта во голем број случаи и на децата да им пружиме шанса да растат здраво – вели Гејтс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top