Бројот на жртвите од вирусот ебола во Западна Африка достигна 8.220 лица, соопшти Светската здравствена организација.
Статистиката покажува дека се заразени вкупно 20.712 лица. Сите случаи на болеста се однесуваат на трите земји од западна Африка: Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија. Најмалку жртви и заболени има во Гвинеја, 1.781 и 2.775 лица, во Сиера Леоне 2.943 починати и 9.780 заболени и во Либерија 8.157 заразени, а од нив починале 3.496 лица. Од вчера, бројот на жртви е зголемен за 56 лица, а на заразени за 67 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.