| четврток, 6 декември 2018 |

Корин Реј: Јас ги пуштив терористите во зградата и гледав како ми ги убиваат колегите!

Новинарката Корин Реј која во магазинот „Шарли ебдо“ црта под името Коко ја зела својата ќерка од градинка и со неа се вратила на работа, објави „Канал 5“. Пред зградата ја пресретнала двајцата маскирани вооружени мажи кои под закана за живот ја приморале да им ја потвори вратата.

-Рекоа дека сакаат да влезат во канцелариите и брутално се заканија, Јас го внесов кодот и вратата се отвори, вели Корин.

Таа со својата ќерка се засолниле под бирото од каде гледала како ги убиваат нејзините колеги.

-Ги убија Волински и Кабу. Траеше 5 минути. Говореа перфектен француски јазик и рекоа дека се терористи на Ал каеда.

Приказната на Корин е само едно од многуте застрашувачки сведоштва на луѓето кои беа сведоци на масакрот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top