| четврток, 6 декември 2018 |

Во која земја живеат најдобрите мажи?

postar maz

Резултатите од истражувањето кое го спроведе Светската организација за економска соработка и развој покажале дека мажите во Словенија во просек трошат 114 минути дневно обавувајќи домашни работи. Најмалку време за работа по дома имаат мажите во Индија, само 19 минути!

Експертите како главна причина ги наведуваат културолошките разлики, а ниту пак европејците од некои развиени земји не се многу вредни. Италијанците неполн час со денот им помагаат на своите сопруги, Унгарците малку повеќе, а Турците само 21 минута.

По Словенците, следат Данците, па Естонците, а на четврто место се Французите со 98 минути.

Поделбата на домашните обврски е директно поврзана со економската моќ – разликата во платите меѓу мажот и жената. Токму од тие прични во општествата каде што разликата е поголема, послабо платените жени преземаат повеќе обврски на себе во домаќинството.

Таа разлика е најмала во скандинавските земји.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top