
Четириесет и шест годишниот В.М., жител на село Луковица, кај Македонска Каменица, е лишен од слобода и осомничен дека со ловна пушка стрелал во неговите соселани В.М.(39) и А.К.(19).
Како што соопшти МВР, настанот вчера во 12:25 часот во полицијата во Македонска Каменица го пријавила З.М.(35) од с.Луковица.
Повредените лица веднаш биле пренесени во Медицински центар Кочани, од каде поради сериозноста на повредите биле препратени до Клинички центар Скопје.
Приведениот осомничен за инцидентот е задржан во полициска станица Делчево за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка


