| четврток, 6 декември 2018 |

Жена почина од свински грип во Косово

Една жена почина од свински грип на Инфективнатаклиника во Приштина, соопшти денеска косовската Управа за инфективни болести.

Како што јави турската агенција Анадолија, 57­годишната жена пред четири дена била примена на Клиниката со симтоми на грип, по што починала вчера.

Во соопштението се посочува дека кај починатата е потврдено присуство на вирусот Х1Н1, познат како свински грип.

Со симптоми слични на свинскиот грип на Инфективната клиника во Приштина се хоспитализирани уште 20 лица и нивната состојба редовно се следи, наведува Анадолија.

Претходно денеска, директорот на приштинската Инфективната клиника, Хамди Рамадани соопшти дека во болницата на лекување биле задржани три лица за кои постои сомнеж дека се инфицирани со вирусот од типот А ­ Х1Н1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top