| четврток, 6 декември 2018 |

Три потенцијални случаи на заболени од свински грип во Приштина

svinski grip

На Инфективната клиника во Приштина биле примени на лекување три лица, за кои постои сомнеж дека заболеле од свински грип, кој е предизвикан од вирусот А – Х1Н1.

Според директорот на Инфективната клиника, Хамди Рамадани пациентите веќе добиваат соодветна терапија.

– Моментно се третираат три сомнителни случаи на грипот А – Х1Н1. Едно лице, кое е од Феризај, е веќе отпуштено од болница, додека кај другите два случаја се вршат последните анализи за да се утврди дали боледуваат од овој вид на грип – истакна Рамадани.

Во текот на минатата недела едно лице на возраст од околу 50 години почина од компликации добиени од грип, додека неговата ќерка е пуштена на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top