| четврток, 6 декември 2018 |

Снежно невреме остави без струја 160.000 домаќинства во Канада

канада

Ледени дождови и обилни снежни врнежи во изминатото деноноќие во канадската провинција Квебек, оставија без електрична енергија 160.000 домаќинства, јави телевизијата Си-Би-Ес, пренесува ТАСС.

Најтешко погодени се источните и југозападни региони на провинцијата, особено Монтреал и околината, соопшти компанијата Електро-дистрибуција Квебек. Мобилизирани се 160 сервисни екипи, кои работат на оспособување на електро-дистрибутивната мрежа.

Националната метеоролошка служба на Канада најавува нови 30 сантиметри снежни врнежи во овие региони на Квебек. Во северниот дел на провинцијата се очекува и екстремен студ во текот на ноќта до минус 48 степени Целзиусови.

Студена ноќ се очекува и во Централна Канада, во провинциите Саскачеван, Манитоба, Алберта и дел од Онтарио, каде температурите ќе паднат до минус 40-45 степени, најавуваат синоптичарите. Во најисточните региони Њуфаундленд и Лабрадор се најавува заладување до минус 25-35 степени, проследено со обилни снежни врнежи и урагански ветрови, со брзина до 120 километри на час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top