Реал Сосиедад е единствениот клуб кој може да се пофали дека во една сезона ги совладал двата тима од Мадрид, Реал и Атлетико, како и каталонскиот гигант Барселона.
Вечерва на домашен терен минимално со 1-0 со автоголот на Жорди Алба уште во втората минута успеа да слави победа над големиот фаворит Барселона.
Последните пет натпревари меѓу овие два ривала на „Аноета“ завршиле со четири победи на Сосиедад и едно реми. Тоа докажува дека во Баскија тешко дека некој може да победи.
На поразот на Барселона кумуваше и првиот тренер Луис Енрике кој имаше лоша проценка за составот, бидејќи ги изостави од првиот тим Меси, Нејмар и Алвеш кои влегоа во игра во второто полувреме, но и тоа не беше доволно за пресврт.
По поразот на Реал Мадрид од Валенсија попладнево, Барселона не ја искористи шансата со победа да се искачи на првото место на табелата на која сеуште води Реал со 39 бода и има еден повеќе од Барселона и Атлетико Мадрид кои се на делба на второто место. Кралскиот клуб има и натпревар помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)