Во дербито од 17.коло од шпанската Примера дивизија Валенсија со целосен пресврт во второто полувреме го урна сонот на Реал Мадрид за светски рекорд од 24 победи по ред во сите натпреварувања победувајќи на „Местаља“ до 2-1.
Реал Мадрид фуриозно го започна натпреварот, создаде неколку шанси, а искористи една во 14 минута од пенал преку Кристијано Роналдо. На ова му претходеше играње со рака на еден од играчите на Валенсија во казнетиот простор.
До крајот на првиот дел Крстијано Роналдо не искористи уште една чиста шанса откако го мина и голманот Алвес, но не успеа да ја смести топката во мрежата.
Во второто полувреме Валенсија тргна на се или ништо. Иако играше подредена улога во текот на целиот натпревар успеа да создаде две шанси кои ги реализираше и да освои големи три бода.
Целосниот пресврт беше дело на Барган и Отаменди во 52 и 65 минута. До крајот на натпреварот кралскиот клуб не успеа да реализира уште две големи шанси преку Рамос и Иско во самиот финиш од натпреварот.
Valencia 2-1 Real Madrid (All Goals and… by pewdiepieofficia
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)