| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалник не дозволил погреб за Роми

pogrebГрадоначалникот на францускиот град Шамплан одбил да дозволи погреб за едно ромско девојче, кое ненадејно починало во болница. Десет дена после смртта малечкото девојче ќе биде погребана во друг град. Тој образложи дека предност при погребите имаат оние кои плаќаат даноци. Родителите на починатото девојче живеат во ромски камп во малиот град Шамплан.

Одлуката на градоначалникот Кристијан Леклер наиде на огорченост кај хуманитарните здруженија, посебно кај оние кои помагаат на ромската заедница, која во Франција брои околу 20.000 лица. Весниците веста ја пренесуваат како „скандалозна“.

Градоначалникот на друг град, Висуа, Ришар Трингије прифати таа да биде погребана во неговиот град.

– Не се двоумев ни секунда, рече Трингије и додаде дека е човечки незамисливо да не се обезбеди гроб на дете кое ненадејно починало во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top