Скот Синклер по трансферот во Манчестер Сити важеше за еден од најталентираните играчи во Англија и иден носител на играта на репрезентацијата. Сепак не најде место во составот на Сити и оваа полусезона одигра само четири натпревари.
Тој побара од управата на „граѓаните“ да го ослободи како би можел да прејде во друг клуб каде ќе добие поголема минутажа и ќе ја оживее својата кариера.
Преговорите со Астон Вила се во завршна фаза и се очекува во следните неколку дена англискиот репрезентативец да прејде во редовите на тимот од Вила Парк.
Тој со 15 години заигра за сениорскиот тим на Бристол Роверс, а фудбалската афирмација ја доживеа во Свонси за кој настапи на 82 натпревари и постигна 26 гола.
Игра во средниот ред од тимот, но може лесно да се трансформира и по страничните офанзивни линии.
Астон Вила ќе добие одличен играч кој може многу да му помогне на тимот кој се наоѓа во долниот дел од табелата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неверојатна статистика: Манчестер Сити со 902 успешни додавања на мечот против Челси
-
Манчестер Сити по победата над Челси на чекор до титулата во Англија
-
Хет – трик на Агуеро за нова победа на Манчестер Сити (видео)
-
Гвардиола: Сити фаворит за титулата во Лигата на шампионите, не знаев дека Меси игра за нас