Најмногу се познати како најдобри пријатели на човекот, големи љубители на децата и причинители за доброто расположение кај луѓето, но постојат и помалку познати факти што се поврзани за кучињата.
1. Кога пијат вода, кучињата го користат задниот дел од јазикот за да ја пренесат во устата.
2. Внимавајте да не дојдат до семки од јаболка или од круши, кои во својот состав содржат арсеник, кој е отровен за нив.
3. Дури триесет проценти од далматиниците не можат да слушаат на едното или на двете уши.
4. Кучињата имаат двапати повеќе мускули околу ушите за разлика од човекот.
5. Истражувањата покажуваат дека кучињата придонесуваат за намалување на крвниот притисок.
6. На крајот од песната „A Day in the Life”, Пол Макартни снимил звук што можат да го слушнат само кучињата. Ова го направил специјално за своето кученце Марта.
7. Кучињата имаат моќ да ги почувствуваат промените во човечкото тело.
8. Тие имаат способност да почувствуваат кога жената е бремена.
9. Уличните кучиња во Москва се познати по својата способност да го користат подземниот превоз и да одат од еден до друг град барајќи храна.
10. Сите кучиња имаат розов јазик, кој е знак за нивното добро здравје. Само чау-чау и шар-пејимаат син јазик, но тоа не значи дека имаат проблеми со здравјето
(купи миленик)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.