| четврток, 6 декември 2018 |

2014 – година на културата: театар, големи концерти, музеи…

Македонската култура во 2014 година...

kopachka_6259

Из­ми­на­та­ва го­ди­на ма­ке­дон­ски­те умет­ни­ци за­бе­ле­жаа зна­чај­ни ус­пе­си во зем­ја­ва и во странс­тво. Се оди­граа мно­гу­број­ни прет­ста­ви на сце­ни­те на ма­ке­дон­ски­те те­а­три, Ве­ле­шки­от те­а­тар до­би нов об­јект, му­зи­ча­ри­те кон­цер­ти­раа со ре­но­ми­ра­ни ди­ри­ген­ти и со­ли­сти од странс­тво, се отво­ри Ар­хе­о­ло­шки­от му­зеј во Скоп­је, но и Злат­на­та со­ба во ку­ќа­та на Ро­бев­ци во Охрид, ака­дем­ски­от сли­кар Гли­гор Че­мер­ски бе­ше при­мен во Ру­ска­та ака­де­ми­ја на на­у­ки­те и умет­но­сти­те, атра­ктив­но­то оро „Ко­пач­ка“ УНЕСКО го зе­де под сво­ја за­кри­ла.

Поз­на­ти­от „Гло­уб те­а­тар“ бе­ше го­стин во Скоп­је и во Би­то­ла, во рам­ки на свет­ска­та тур­не­ја по по­вод 450 го­ди­ни од ра­ѓа­ње­то на Ви­ли­јам Шекс­пир.Шекс­пи­ро­ви­от „Хам­лет” во ре­жи­ја на До­ми­ник Дром­гул ина Бил Бак­харст се оди­гра во МНТ и во Хе­рак­ле­ја. Ма­ке­до­ни­ја бе­ше ед­на од 205 зем­ји низ све­тот, ка­дешто во пер­и­од од 23 април 2014 го­ди­на до 23 април 2016 го­ди­на, ко­га се на­вр­шу­ва­ат че­ти­ри ве­ка од смрт­та на Шекс­пир, се оди­гра прет­ста­ва­та.

Во март 2014 го­ди­на ака­дем­ски­от сли­кар Гли­гор Че­мер­ски бе­ше при­мен во Ру­ска­та ака­де­ми­ја на на­у­ки­те и на умет­но­сти­те. Ви­со­ка­та по­чест за Че­мер­ски стиг­на ед­на го­ди­на отка­ко тој ста­на член на МАНУ. Име­то наЧе­мер­ски се на­о­ѓа на офи­ци­јал­на­та ли­ста на т.н. Им­пе­ри­јал­на ака­де­ми­ја, соз­да­де­на од Ка­те­ри­на Ве­ли­ка во 1757 го­ди­на во Мос­ква. Ру­ска­та ака­де­ми­ја на умет­но­сти­те има свои раз­гра­но­ци низ це­ла­та зем­ја, ил­јад­ни­ци чле­но­ви, а на че­ти­риго­ди­ни при­ма са­мо по трој­ца-че­тво­ри­ца но­ви чле­но­ви, од кои еден е Ру­син.

Arheoloski muzej otvaranje (3)

Есен­та 2014 го­ди­на, по по­ве­ќе од 30 го­ди­ни, Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја до­би нај­со­вре­мен му­зеј­ски про­стор за со­од­вет­но чу­ва­ње и пре­зен­та­ци­ја на бо­га­то­то под­виж­нокул­тур­но нас­ледс­тво, кое е по­твр­да на ми­ле­ни­ум­ски­от ци­ви­ли­за­ци­ски кон­ти­ну­и­тет на на­ши­те про­сто­ри.Нај­вред­ни­те при­ме­ро­ци на ма­ке­дон­ско­то кул­тур­но нас­ледс­тво се прет­ста­ве­ни во но­ви­от, прет­ста­ви­те­леноб­јект на Ар­хе­о­ло­шки­от му­зеј на Ма­ке­до­ни­ја. На три ка­та и по­вр­ши­на од 6.000 ква­драт­ни ме­три,пред јав­но­ста се из­ло­же­ни по­ве­ќе од 6.000 ар­те­фа­кти од си­те исто­ри­ски пер­и­о­ди, поч­ну­вај­ќи од пра­и­сто­ри­ја­та, па до сред­ни­от век. Екск­лу­зив­но, пред јав­но­ста е из­ло­жен зна­ча­ен дел од ар­те­фа­кти­те, ме­ѓу кои: ра­но­ви­зан­ти­ски­те ори­ги­нал­ни мо­за­и­ци од ло­ка­ли­те­тот Су­во­дол, ко­пи­ја­та од сар­ко­фа­гот на Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски, шти­тот од 3 век пр.н.е. од ло­ка­ли­те­тот Бон­че, ре­кон­струк­ци­ја­та на рим­ска­та ко­чи­ја од втор век од Дел­че­во, ка­ко и стак­ле­на­та ча­ша ди­ја­тре­та од 4 век.

derikmej

Го­ди­наш­но­во „Охрид­ско ле­то“, пак, по­ми­на во зна­кот на на­ста­пот на Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја и на де­тро­ит­ски­от ди­џеј Де­рик Меј во Ан­тич­ки­от те­а­тар. Пуб­ли­ка­та ужи­ва­ше во оваа сво­е­вид­на ком­би­на­ци­ја на му­зи­ка­та на Де­рик Меј, чо­ве­кот што е дол­го­го­ди­шен при­ја­тел на Ма­ке­до­ни­ја. За ор­ке­стар­ски­те аранж­ма­ни на му­зи­ка­та на Меј бе­ше за­дол­жен ма­ке­дон­ски­от му­зич­ки умет­ник Емин Џи­јан, а ор­ке­ста­рот бе­ше збо­га­тен и со ма­гич­ни­от звук на пи­ја­но, во из­вед­ба на на­ша­та афир­ми­ра­на пи­ја­нис­тка Еми­ли­ја По­тев­ска.

Злат­ни­те ар­хе­о­ло­шки пред­ме­ти од Ма­ке­до­ни­ја беа из­ло­же­ни во Гер­ма­ни­ја на из­лож­ба­та под нас­лов „Злат­ни­те ли­ца на ма­ке­дон­ски­те кра­ле­ви – Ма­ке­дон­ци­те и Kел­ти­те од охрид­ски­от ре­ги­он – су­дир на кул­ту­ри­те“. За вре­ме на ар­хе­о­ло­шки­те иско­пу­ва­ња во не­кро­по­ла­та на ан­тич­ки­от Лих­ни­дос, во де­не­шен Охрид, ма­ке­дон­ски­от ар­хе­о­лог Па­ско Kуз­ман во 2002 го­ди­на откри гроб од кра­јот на ар­хај­ско­то вре­ме до по­че­то­кот на кла­сич­ни­от пер­и­од (кра­јот на 6 и по­че­то­кот на 5 век пред но­ва­та ера). Во крал­ска­та гроб­ни­ца не бил вклу­чен са­мо ска­по­це­ни на­кит, ту­ку ма­ска за ли­це и пр­стен на ра­ка­та од лист зла­то и сре­бре­ни сан­да­ли. За­ед­но со бо­гат­ство­то на Трем­ник од хе­ле­ни­стич­ки­от пер­и­од, тие прет­ста­ву­ва­ат нај­ска­по­це­но­тоар­хе­о­ло­шко бо­гат­ство на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Ова бо­гат­ство прв­пат бе­ше прет­ста­ве­но над­вор од Ма­ке­до­ни­ја. Од збир­ка­та на Охрид­ски­от за­вод и му­зеј беа из­ло­же­ни пе­де­се­ти­на пред­ме­ти.

Kukja-na-Robevci-rep86-1

Пред­ме­ти­те  од нај­ска­по­це­на­та му­зеј­ска по­ста­вка пред ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка се из­ло­же­ни во Злат­на­та со­ба во ку­ќа­та на Ро­бев­ци во Охрид. Ста­ну­ва збор за Злат­на­та со­ба во ко­ја е из­ло­жен це­ли­от зла­тен на­кит и злат­на­та ма­ска, ка­ко и дру­ги пред­ме­ти од зла­то, кои беа про­нај­де­ни при иско­пу­ва­ња­та во охрид­ски­от ре­ги­он. Истак­на­ти се по­ве­ќе од 400 екс­по­на­ти од зла­то, во ви­три­на што ќе се вр­ти.

Го­ди­на­ва, на штип­ски­от оби­чај „Четр’се“ во ли­ста­та за за­шти­та на не­ма­те­ри­јал­но кул­тур­но нас­ледс­тво на УНЕСКО, му се при­дру­жи и нај­а­втен­тич­но­то дел­чев­ско оро „Ко­пач­ка“. Од­лу­ка­та на ко­ми­те­тот со­ста­вен од 24 зем­ји од све­тот бе­ше до­не­се­на во Па­риз. Драм­чан­ско­то ма­шко со­бор­ско оро „Ко­пач­ка“ автен­тич­но го чу­ва фолк­лор­на­та гру­па од Драм­че,ко­ја 66 го­ди­ни ја рас­ка­жу­ва при­каз­на­та восве­тот.„Ко­пач­ка“го пре­зен­ти­ра пи­ја­неч­ки­от фолк­лор, а ет­но­му­зи­ко­ло­зи­те оро­то, кое има тру­дов ка­ра­ктер, го на­ре­ку­ва­ат и та­пан­џи­ска сим­фо­ни­ја.

Од дру­ги­те на­ста­ни што беа за­бе­ле­жа­ни од јав­но­ста бе­ше и по­ста­ву­ва­ње­то на „Еле­ктра“сце­на­та на МНТ, во ре­жи­ја на Ан­дриј Жол­дак -еден од нај­го­ле­ми­те ре­жи­се­ри на де­неш­ни­на­та во Евро­па. Тој е до­бит­ник на на­гра­да­та „Умет­ник на УНЕСКО“ во 2004 го­ди­на, а го­ди­на­ва се за­ки­ти и со нај­ви­со­ко­то приз­на­ние од об­ла­ста на те­а­та­рот во Ру­си­ја, на­гра­да­та „Злат­на ма­ска“ за ре­жи­ја.

Во Фил­хар­мо­ни­ја, пак, во чест на од­бе­ле­жу­ва­ње на ју­би­ле­јот, го­сту­ва­ше Бо­рис Бе­ре­зов­ски. Кон­цер­тот бе­ше цен­трал­ни­от на­стан со кој сеза­о­кру­жи прос­ла­ва­та на 70 го­ди­ни од ос­но­ва­ње­то на нај­ста­ра­та на­ци­о­нал­на му­зич­ка ин­сти­ту­ци­ја во зем­ја­ва. Вир­ту­о­зот на пи­ја­но­то, Ру­си­нот Бо­рис Бе­ре­зов­ски, кри­ти­ка­та го сме­та заеден од нај­моќ­ни­те пи­ја­ни­сти на де­неш­ни­на­та.

Пишува: Невена Поповска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top