Комисијата во состав проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, претседател, проф. д-р Александар Прокопиев и Блаже Миневски, ја донесе одлуката да ги додели наградите на Здружението на издавачите и книжарите на Македонија.
Во категоријата за најдобро оригинално издание од областа на литературата, науката, културата и уметноста меѓу два саеми првата награда ја доби изданието „ТАШКОВСКИ“ цртежи, слики, графики, автор: Васко Ташковски, уредник: Раде Силјан, издавач: МАНУ и МАТИЦА МАКЕДОНСКА, Скопје; втората награда во оваа категорија ја доби монографијата „МАНЧЕВСКИ“, приредувач: Марина Костова, издавач: Bitsia Systems и Арс Ламина Публикации, Скопје и третата награда во оваа категорија ја доби изданието „THE OTTOMAN HERITAGE“, Architecture in Macedonia, автор: Teresa Waltenberg, издавач: Logos A, Skopje.
В категоријата најдобро ликовно-графичко обликување и дизајн на книга-едиција меѓу меѓу два саеми првата награда ја доби едиција „БЕСТСЕЛЕР“, издавач: АРС ЛИБРИС, Скопје, АРС ЛАМИНА ПУБЛИКАЦИИ, Скопје; втората награда му припадна на „СОБОРНИТЕ ХРАМОВИ ВО МАКЕДОНИЈА“, автор: Димитар Ќорнаков, издавач: МАТИЦА МАКЕДОНСКА, Скопје и трета награда: „Амаруши“, автор: Ведрана Рудан, издавач: МАГОР, Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија земја во фокусот на 24. Саем на книгата во Истра
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал


