Интеруниверзитетската конференција попладнево ја прифати поканата за дискусија во насока на подобрување на високото образование.
– Универзитетите во Република Македонија како членки на Европската асоцијација на универзитетите, Светската асоцијација на Универзитетите и потписници на Маgna Charta Universitatum, секогаш се залагале за квалитетно образование согласно европските и светски стандарди, се наведува во писмото од претседателот на Интеруниверзитската конференција Велимир Стојковски испратено како одговор на поканата од министерот Абдилаќим Адеми.
Како академска заедница, се додава во писмото, секогаш сме биле и ќе бидеме отворени и подготвени за разговор и дебата по сите прашања во насока на подобрување на квалитетот на високото образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


