Тимот на Атлетико Мадрид добро ја започна новата година со победа во Примера дивизија над Леванте со 3-1. Во првиот натпревар од 17 коло во шпанската прва лига избраниците на Диего Симеоне рутински дојдоа до победата и се израмнија со второто место на табелата со Барселона која има натпревар помалку и се само еден бод зад лидерот Реал Мадрид кој има два натпревари помалку.
Иницијативата Атлетико ја круниса во 18 минута со голот на Гризман. На 2-0 зголеми истиот играч на самиот старт од второто полувреме. Едиствениот гол за гостите беше дело на Ел Зар во 62 минута, но тоа беше се што направија играчите на Леванте. Судбината ја запечати Диего Годин во 82 минута и го постави конечниот резултат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



