| четврток, 6 декември 2018 |

Сименоне: Торес е добредојден во тимот и сигурно ќе ни биде од голема корист

Фернандо Торес по 7,5 години се врати во клубот каде ги доживеа најблескавите моменти во кариерата, Атлетико Мадрид.
Тој настапуваше шест години на тимот од Мадрид од каде во 2007 година се пресели во редовите на Ливерпул. По четири години поминати во „црвените“ од Ливерпул за неверојатни 50 милиони евра прејде во редовите на Челси и од тогаш неможе да ја врати врвната форма која го красеше до тогаш како во клубовите за кои настапуваше така и за репрезентацијата на Шпанија со која освои светско и европско злато.
Тој на почетокот на овој преоден рок повторно се врати во Атлетико каде се очекува да се врати во препознатливата форма.
Тренерот на Атлетико Мадрид Аргентинецот Диего Симеоне кој пред крајот на својата кариера имаше прилика да игра со Симеоне најави големо враќање на Торес, но не очекува дека тој треба да биде „спасител“ на клубот кој токму него има блескави неколку сезони по ред.
„Ел Нињо“ официјално ќе биде преставен на навивачите на 5. јануари, а два дена подоцна ќе има шанса да настапи во големото дерби против Реал Мадрид во Кралскиот куп.

– Фернандо не дојде во Атлетико како спасител. Не треба да се брза и да се очекува уште од првиот ден да го докаже тоа што се очекува од него. Ќе му треба да се прилагоди на новата игра, но убеден сум дека ќе биде од голема корист на клубот – изјави Симеоне.

– Среќен сум поради неговото врааќање. Ние ќе продолжиме да напредуваме како тим. Се надевам дека талентот на Торес и неговата голема страст ќе ни помогнат – додаде Симеоне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top