Обложувалниците целосно потфрлија овој пат во изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква. Аргентинскиот кардинал Хорхе Марио Бергољо, кој вечерва беше избран за нов папа, не беше ниту во првите 15 кардинали за кои можеше да се гласа.
Според понуденото во светските обложувачки куќи, коефицинетот дека Бергољо ќе биде избран за нов папа изнесувал 25 спрема 1. Поголемиот број обложувања оделе на сметка на првите 12 кардинали кои се нашле на листата и на кои им се даваа најмногу шанси.
По изборот, сега веќе има нови понуди. Во една обложувалница во Ирска се нуди коефициент 16 спрема 1 дека верниците во 2013 година ќе видат и трет папа, а за коефицинтот 5-2 можете да вложите пари дека и новиот папа ќе поднесе оставка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Папата Франциск одлучи: Католичката црква во Македонија ќе добие статус на Епархија
-
Папата бара казни за сексуалните злостатувачи на деца во црквата
-
Неможеше да избега: Оваа девојка кажа „да“ пред Папата Франциск (видео)
-
Нов скандал во Ватикан: Полицијата прекинала сексуални оргии, советникот на Папата предозиран