| четврток, 6 декември 2018 |

Почина некогашниот тапанар на Ајрон Мејдн

Некогашниот тапанар на Ајрон Мејдн, Клајв Бур, почина на 56-годишна возраст. Тој замина ноќта помеѓу вторникот и средата. Со години боледуваше од мултиплекс склероза, поради што заврши и во инвалидска количка. Неговата сопруга за медиумите изјавила дека починал во сон, опкружен од семејството.

Тој беше дел од првата постава на легендарната група со која сними три албуми: “Iron Maiden”, “Killers” и “The Number Of The Beast”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top