| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети и Тачи на средби со известувачите на ЕУ за Западен Балкан

Средбите се остварија во Тетово и како што соопштија од двата табори на политичките партии, се разговарало за изборите, актуелната состојба во земјата, прашањето за името и интегративниот процес на Македонија во ЕУ

Али Ахмети, лидерот на ДУИ и Мендух Тачи, претседател на ДПА попладнево имаа одделна средба со известувачите на Европската унија (ЕУ) за Западен Балкан, Џонас Џонсон и Теркел Петерсон. Средбите се остварија во Тетово и како што соопштија од двата табори на политичките партии, се разговарало за изборите, актуелната состојба во земјата, прашањето за името и интегративниот процес на Македонија во ЕУ.

Гостите од Брисел, се посочува во соопштението, нагласиле дека декемвриските заклучоци и овозможиле на Македонија ветувачка европска агенда што сериозно била нарушена со настанаите во декември и политичките недорабирања потоа.

ahmeti-e1352646098182

– Ахмети нагласи дека нарушениот имиџ на земјата во очите на нашите меѓународни пријатели треба да се поправи што поскоро со целосно фокусирање на европската агенда што вклучува решавање на прашањето со името, добрососедски односи како и реформи. Мирнии демократски избори, исто така се предулсов за позитивен Европски извештај. Иднината на Македонија се гради само врз развивањето на здрави меѓуетнички односи и со целосно почитување на Охридскиот договор – се вели во соопштението од ДУИ.

Тачи, пак, како што соопшти ДПА,  со известувачите на ЕУ разговарал за локалните избори, изборниот процес и други теми од взаемен интерес.

taci menduh

– ЕУ известувачите Џонсон и Петерсен изразија став дека Македонија треба да покаже дека има капацитет и може да организира слободни, фер и демократски избори. Од друга страна, лидерот на ДПА Мендух Тачи го изрази ставот дека Владата како главен носител на одговорноста за организирање на изборите треба да се посвети во оваа насока, со цел да докаже дека има расположение за да им овозможи на сите политички фактори учесници во овие локални избори, фер и еднаква конкуренција, стои во соопштението на ДПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top