| четврток, 6 декември 2018 |

Сокол Митрески ќе гради градинка во Дексион, училиште во Хром, нова улица…

Заедно со градот Скопје, ќе изградиме нови кружни текови на улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“ и на крстосницата кај Порта Влае, изјави Митревски

Актуелниот градоначалник на скопската општина Ѓорче Петров и кандидат на ВМРО ДПМНЕ најави дека во наредниот мандат ќе изгради нова градинка во населбата Дексион, ново училипте во населбата Хром, нова улица долга 1.200 метри со целосна пропратна инфраструктура во Стопански Двор.

sokol-mitrevski

– Заедно со градот Скопје, ќе изградиме нови кружни текови на улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“ и на крстосницата кај Порта Влае. Во соработка со Градот ќе се реализра продолжувањето на булеварот „Партизански одреди“ до улицата „4-ти Јули“, а ќе се спроведе и асфалтирање на 30 нови улици кои се планирани за реализација во новиот мандат. Ќе се изгради нова рекреативната патека покрај Вардар од Сарај до Влае. Во Кучково и Орман ќе се реализира изградба на велосипедска и мото – крос стаза – изјави Митровски.

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров потсети на повеќе проекти што веќе се реализирани во општината, како уредување на паркот, изградба на канализација во руралниот дел на општината, изградени се повеќе од 40 километри нова водоводна мрежа, асфалтирани се голем број улици во општината, изградени се 18 детски игралишта и 16 повеќенаменски игралишта…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top