| четврток, 6 декември 2018 |

Запленети три тони петарди во стан во Хамбург

petardi

Околу три тони петарди беа откриени вчера во стан во Хамбург и подземна гаража во зградата во акција на полицијата, јави ДПА.

Сопственикот на станот, 45-годишен маж е уапсен додека околу 200 луѓе се евакуирани од сите станови и канцеларии во зградата.

Запленет е и камионот со кој се претпоставува дека мажот ги пренел илегално петардите. Специјалци ги транспортирале безбедно одземените петарди меѓу кои има и 8.000 бомбички и ракети, јавува германската новинска агенција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top