Јорданскиот пилот заробен минатата недела од екстремистите на ИСИС по уривањето на неговиот авион при акција во источна Сирија знае дека ќе биде убиен.
Во разговорот за магазинот на исламистите „Дабик“, кој се објавува на англиски јазик, под наслов Заробување на христијански пилот, камептанот Муат ал Касесбех вели дека неговиот авион „Ф-16“ бил погоден со проектил наведуван со топлина.
– Го чув и почувствував ударот. Вториот пилот во мисијата ме контактираше од соседниот авион и ми рече дека сум погоден и дека од надворешниот дел навлегува оган – изјави пилотот.
На прашањето дали знае што ќе направи ИСИС со него, тој одговорил: „Да знам… ќе ме убијат…“.
Дабик објави фотографија и воена книшка на пилотот од кои се чита дека е роден во 1988 година.
Пилотот, исто така, открива дека во воената база престојувал со стотина американски војници.
– Американците некогаш вечераа со нас и многу сакаа мансаф (традиционално арапско јадење). Никогаш не зборуваа за деталите околу операциите поради доверливост и поради безбедност – изјавил Касесбех.
Јордан не сакаше да го коментира интервјуто. Пилотот доаѓа од угледно јорданско семејство и е прв пилот од коалициските сили што е заробен во операциите.
Тој им открил на џихадистите дека Јорданците полетуваат од јорданските бази додека „крстоносците“, односно Американците и Французите полетуваат од базите Принц Хасан и Мувафак ал Салти, но и од Турција. Мисиите, пак, се планирале во американските бази во Катар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нема смисла децата да знаат математика, а да не знаат за џихадот
-
Погледнете какво чудо се случи на Крстовден во Јордан! (видео)
-
Седуммина загинати при престрелка меѓу вооружени напаѓачи и полиција во Јордан
-
Македонскиот пилот Аријан Превала по борбата во пилотската кабина со Јорданецот спречил трагедија (видео)