| четврток, 6 декември 2018 |

Гери Невил и Џејми Карагер се сoгласија за дури девет играчи во тимот на полусезоната (видео)

Прославените поранешни репрезентативци на Англија и членови на Манчестер јунатед и на Ливерпул, Гери Невил и Џејми Карагер, иако лути ривали на теренот, надвор од него се вистински пријатели и сегашни соработници и кокоментатори на англиската телевизија „Скај спорт“, го составија тимот на првиот дел од сезоната во Премиерлигата.
Тие двајца ги составија своите тимови, во кои дури девет играчи се повторуваат.

tim na polusezonata

Карагер и Невил ги направија тимовите во кои вментаа дури по шест играчи од Челси, еден од Манчестер јунајтед, Арсенал и од Манчестер сити.

На голманската позиција се најде Давид де Геа. Одбранбената линија ја сочинуваат Ивановиќ, Џон Тери и Аспиликуета. Во средината триото го сочинуваат Матиќ, Санчез и Еден Азар, додека во нападот се најдоа Диего Коста и Серхио Агуеро.
Двете непополнети места се во централниот дел од дефанзивата како и во средниот ред.
Двајцата прославени асови своите аргументи за изборите јавно ги коментираа, додека изборот падна преку социјалната мрежа „Твитер“, на кои можеа да гласаат сите вљубеници во фудбалот во Англија.

Во дефанзивата борбата беше меѓу Кејхил и Фонте, додека во средниот ред Фабрегас против уште еден играч од Саутемптон, Шнајредлин.

Во двата случаи победија играчите на Саумтептон кои се најпријатното изненадување во есенскиот дел од сезоната.

Многу лесно можеше да се случи во најдобриот тим да се најдат дури осум играчи од лидерот на табелата Челси, кој оваа година ја заврши на првото место со три бода предност пред Манчестер сити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top