Преубавиот дијамант од 101.73 карати во облик на крушка наскоро ќе биде на продажба, а се проценува дека ќе достигне цена од 20 милиони американски долари. Обработката на дијамантот траела еден 21 месец.
Скапоцениот камен, кој е откриен во еден рудник во Боцвана ќе биде продаден на аукција во Швајцарија во Женева на 15 мај.
Ова е најголемиот безбоен дијамант што досега се појавил на продажна аукција, а го понудил еден клиент кој сакал да остане анонимен.
Во ноември минатата година, исто така на една аукција во Женева продаден е засега најскапиот безбоен дијамант по цена од 21,5 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.