Златан Ибрахимовиќ повторно се најде во центарот на вниманието, но овој пат тое не е поради постигнат гол за екипата на ПСЖ или пак за репрезентацијата, а ниту пак поради неговите легендарни изјави, овој пат тоа беше поради неговото хоби.
33-годишниот фудбалер не крие дека сака да лови, па така дел од празниците мина во татковината, при што го искористи слободното време за да замине на лов со своите блиски пријатели.
Ибрахимовиќ се најде на насловната страна на шведскиот весник „Експресен“, поради тоа што тој успеал со еден куршум да улови лос тежок 500 килограми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


