| четврток, 6 декември 2018 |

ДПМ со нов циклус од 17 поетски карвани

Друштвото на писателите на Македонија ќе реализира нов циклус од 17 поетски карвани кои во текот на годината што е пред нас ќе се одржуваат во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во Македонија. Покрај договорената соработка за оваа манифестација со библиотеките во Гевгелија, Куманово и Велес, со Домот на културата „Иван Мазов“ во Кавадарци, со литературните манифестации „Караманови средби“ во Радовиш и „Ганеви денови“ во Кожле, поетите, членови на ДПМ, ќе го продолжат карванот и во Струмица, Тетово, Битола, Прилеп, Штип, Лазарополе, Македонски Брод, Гостивар, Демир Хисар, Крушево и во Ресен. Поетскиот карван ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“ во рамките на Деновите на Блаже Конески, кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, денот на раѓањето на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација. Во поетскиот карван на ДПМ ќе земат учество 80 поети од сите генерации.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top