| четврток, 6 декември 2018 |

Царината на Шарл де Гол откри 170 егзотични желки

3012_frenchtortoises_spФранцуската царинска управа денеска соопшти дека пред петнаесетина дена на најпрометниот француски аеродром, Шарл де Гол-Роаси открила 170 желчиња од видот желки – ѕвезди од Мадагаскар, вид на кој се заканува исчезнување.

Желчињата биле завиткани со самолеплива лента скриени во двојното дно на сандуците во кои имало морски краставици. Петнаесет од желчињата не го поднеле транспортот, услови кои воопшто не се прилагодени за транспорт на животни, вели царината.

Желките се  од видот Astrochelys radiata, кои се барани многу од колекционерите поради нивниот карактеристичен оклоп. Нив им се заканува исчезнување според Меѓународната унија за заштита на природата. Сандуците во кои беа запленети желките требало да заминат за Лаос.

Транспортот на овие желки е целосно забранет, освен со специјална дозвола. Ова е многу редок случај на ваква заплена на аеродормот Роаси. Најчесто царинарниците откриваат желки од Северна Африка, кои се помалку загрозени или тропски птици.

Желките беа запленети без притоа некој да биде уапсен, што нема да доведе до судска разврска. Желките им беа предадени на специјализирано здружение за заштита на живтните – Село на желките во Гонфарон на југот од Франција.

Желките според проценката ќе останат во Франција најмалку неколку години. Тие во моментов се тешки 20 грама  и се со дијаметар од три до четири сантиметри. На Мадагаскар ќе се вратат само откако ќе пораснат, а специјалстите велат дека една ваква желка се продава за 10.000 долари во Њујорк или Токио.

Овој вид желки живее на југот од Мадагаскар, тие се хербовори и можат да живеат до сто години, но ним им се заканува истребување за четриесетина години, велат од Меѓународната унија за заштита на природата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top