Општина Илинден е првата општина во Македонија која ја има услугата „е-кат шалтер“. Илинден во соработка со Агенцијата за катастар на недвижности од денеска ја воведе новата услуга „е-кат шалтер“.
Со оваа услуга граѓаните на шалтерите во општината можат да добиваат имотен лист, лист за предбележување на градба, евидентен лист, пописен лист со незапишани права и лист за времени објекти.
На стартот на отпочнувањето со новата услуга, покрај градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски присуствуваа и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славе Трпески и директорот на скопската подрачна единица, Диме Спасов.
Целта за воведување на шалтер на електронскиот катастар е подобрување на јавните услуги за граѓаните, квалитетен и побрз пристап до бараните услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе се избира најдобра фотографија од Општина Илинден
-
Трагедија во Илинден: Синот десет дена седел до мртвиот татко
-
Стојановски со благодарност до граѓаните: Победата е потврда дека сме на вистинскиот пат
-
Груевски во посета на општина Илинден: Со Стојановски извршија увид на нова пречистителна станица и Дом на култура