| четврток, 6 декември 2018 |

Полицајци и Бакрачески во спасувачка акција

ambulance snegХраброста и подготвеноста на припадниците на МВР се покажа денеска на дело. На блокираниот патен правец Охрид-Кичево поточно кај Пресека се одвиваше вистинска спасувачка акција.

Припадниците на МВР успееја за многу кратко време да извлечат возило на Брзата помош во кое имаше лице на кое му требаше итна медицинска помош. Меѓу возилата кои беа блокирани поради силното снежно невреме што го зафати овој дел на Македонија, се најде и возило на Брзата помош која превезуваше пациент кон Охрид.

Подготвеноста на полицијата да интервенира во вакви кризни случаи денеска спаси еден човечки живот. Возилото веднаш беше одблокирано од снегот, се презедоа мерки и пациентот успешно беше превезен до охридската болница. Таму веднаш беше превземен од д-р Никола Бакрачески кој врз пациентот направи успешна операција. За среќа лицето сега е во стабилна состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top