Николај Младенов, досегашниот министер за надворешни работи на Бугарија изрази незадоволство поради тоа што во негвоиот мандат не била потпишан договор за соработка со Македонија.
„Првата тема е – да ставиме основа на односите помеѓу Бугарија и Република Македонија, кои се врз основа на нов билатерален договор за добрососедство, на изградба на цела инфраструктура од соработка меѓу двете држави, која ни е потребна, како и од докажувањето пред двете општества, дека можеме да работиме заедно во интерес на своите граѓани. Од страна на Бугарија – нашата подготвеност е на ниво од 110 отсто”, рече Младенов, јави бугарската новинаска агенција „Фокус”.
“Второ – дека не можевме да ја довршиме работата на нацрт-законот, за кој се надевам дека по изборите новата Влада ќе продолжи да работи – тоа е законот за конзуларната заштита на бугарските државјани во странство. Сигурен сум дека во перспектива сите ќе дадеме сметка дека е важно бугарските државјани да знаат не само своите права, но да знаат и кои се обврските на државата, кога патуваат во странство, кога ќе се соочат со тешкотии”, рече Младенов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.