| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДПМНЕ: Куманово не го заслужува недомаќинот Дамјановски

Дамјановски на кумановци им ги ветува проектите кои ги ветуваше и на минатите избори, а никако да ги реализира ветените

зоран дамјановски

Куманово не го заслужува недомаќинското работење на актуелниот градоначалник Зоран Дамјановски, сметаат од владејчката партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Актуелниот градоначалник на општина Куманово, Зоран Дамјановски, на кумановци им ги ветува проектите што ги ветуваше и на минатите избори, а никако да ги реализира ветените. Згора на сè, Дамјановски ја направи општина Куманово една од најзадолжените општини во Република Македонија со огромни долгови“, се вели во писмената реакција од владејачката партија.

„Кумановци не заслужуваат да бидат заложници на интересите на Дамјановски, кој ја стави општина Куманово во функција на кариерата на Бранко Црвенковски и СДСМ. Денес ВМРО-ДПМНЕ нуди луѓе што знаат како да ја водат општината и како да работат во интерес на граѓаните. Сигурни сме дека на 24 март кумановци ќе стават крај на ова неодговорно работење и ќе одберат да одат напред заедно со општина Куманово“, велат од владејачката партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top