| четврток, 6 декември 2018 |

Гест за почит на Израелците, донираа пари за СОС Детско село

Гостите од Израел приредија вистински гест за почит, откако собраа пари и ги донираа за помош на СОС Детското село во Скопје. Ракометарите на Израел се гости во Македонија и веќе одиграа еден натпревар со нашата репрезентација, а денеска следува уште еден меч.

Откако разбрале дека парите од влезниците за вчерашниот меч ќе одат во хуманитарни цели, самите израелски ракометари собрале дополнителна сума што ја подарија на СОС Детското село во Скопје.

Убав гест што знае да го цени Македонија, па израелските ракометари на почетокот на мечот добија громогласен аплауз од публиката.

makedonija-svajcarija-6

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top