Едно лице загина, а 30 се повредени во верижен судар на 50 автомобили во централна Словенија, по снежното невреме, проследено со силен ветер.
Во несреќата загина 25годишен државјанин на Швајцарија, а во болница во Љубљана се примени 14 лица, од кои тројца се тешко ранети, а еден е во критична состојба. Несреќата се случила на магистралата А1, која ја поврзува Љубљана со јадранското
крајбрежје.
Според првичните информации причина за несреќата е снежното невреме, кое ја намалило видливоста на пет метри.
Полицијата соопшти дека возачите едноставно ништо не гледале пред себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.